НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јагма за извоз на јагниња, се бара повисока откупна цена на домашниот пазар

0
By НОВА ТВ Balaban on April 9, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот, вели Мицески.

Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија.

Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“.

– Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари за килограм жива мера. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано, објаснува Павлески.

Ѕвонко Мицески е сточар од Штавица, Прилепско. Чува преку 300 овци, и од дете е со стадата. Мицески не е задоволен со отгкупната цена, сѐ уште чека подобра. Бара државата ветените 400 денари за заклано јагне побрзо да ги исплаќа, а вели, потребни се и други субвенции. Мицески знае дека е намален сточниот фонд.

– Не сум задоволен, цената е 170 денари, храната за јагнињата е 25 денари од килограм. Ни ветија по 400 денари од заклано јагне, ама кога ќе ги дадат парите?! Многу ни е битно што побрзо да ни ги дадат. Но, и други субвенции ни требаат, трошоците се големи. Јагнињата уште не ми се продадени. Чекам прифатлива цена. Ќе почекам уште неколку дена и ќе мора да ги дадам. Храната за нив е многу скапа. Јас чувам овци уште од дете, ама полека се намалува бројот, вели Мицески.

Граѓаните се скептични и не знаат колку јагнешкото ќе го има на велигденската трпеза. Сметаат дека цените се високи, а до Велигден може да бидат уште поголема.

извоз Јагниња
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.