НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК од денеска во штрајк, МОН и МТСП со порака дека воспитно-образовната и згрижувачка дејност мора да продолжат

0
By Sashko on April 11, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) денеска го почнува штрајкот во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки и во основните и средните училишта кој според најавите ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни. Од Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), пак, посочуваат дека и во услови на штрајк училиштата и градинките мора да ја вршат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и организирање на воспитно-образовниот процес.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вчера најави дека штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работните задачи на работното место. Штрајкувачите ќе бидат сместени во простории кои заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да извршуваат воспитно-образовни и згрижувачки дејности.

„Штрајкот ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни. Затоа апелирам до Владата што побрзо да нè повика на разговори и што побрзо да најдеме взаемно прифатливо решение и да почне редовната настава. Во спротивно целата одговорност зошто учениците немаат основно загарантирано право на образование ќе падне на ресорните министерства и на Владата“, рече Неделков.

Тој нагласи дека СОНК нема да ги затвори училиштата и градинките, но нема да изведува воспитно-образовна и згрижувачка дејност, а одговорност за обезбедување на минимум услови за функционирање на установите, како и за прифаќање на децата, како што кажа, ќе имаат директорите.

„Никој нема право да ги присилува штрајкувачите да прифаќаат, да згрижуваат и да воспитуваат деца. Без разлика дали некој поединечно гласал за или против поддршка на штрајкот, секој мора да штрајкува. Секој обид за оневозможување на штрајкот е сериозен прекршок кој е казнив по домашните закони. Немаме никаква одговорност ако децата дојдат на училиште или во градинка врз основа на згрижување, воспитание, образование и храна. Ние ќе бидеме во посебни простории. За таа намена можат да се употребат вработени кои евентуално нема да штрајкуваат по разни основи“, појасни Неделков.

Тој истакна дека не може да предвиди до кога ќе трае штрајкот и евентуално кога Советот на СОНК ќе донесе одлука за негов прекин или за евентуално ставање во мирување. Очекува, како што кажа, во текот на денот или најдоцна до утре да има средба со одговорните, со цел штрајкот на СОНК да не прерасне во многу поголем и масовен штрајк во државата, бидејќи, според него, и другите грански синдикати најавуваат порадикални мерки.

Министерството за образование и наука (МОН) вчера порача дека основните и средните училишта и во услови на штрајкот на СОНК ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно-образовен процес.

„Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности, како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година“, порачаа од МОН. 

Од таму потсетија дека училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно-образовниот процес и да овозможат „продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците.

И од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) порачаа дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја вршат својата дејност – згрижување и воспитание на децата и во деновите на штрајк.

„Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Република Северна Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде овозможено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата. Согласно Законот за заштита на децата, во предучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк“, посочија од МТСП.

СОНК за денеска најави генерален штрајк, откако на неколку средби со ресорните министерства и Владата не беше постигнат договор во врска со нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти.

Од Синдикатот посочуваат дека целата на ова барање е усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата во државата од 15.199 денари на 18.000 денари, што веќе стапи во сила.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.