НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли на менито на Јункер комесар за проширување?

0
By Светлана Јовановска on August 12, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Составот на новата Европска комисија под водство на Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер би требало да биде позната во септември, вели за НОВА портпаролката на Јункер Наташа Берто. Иако нема одлука, во Комисијата најверојатно ќе се најде место за комесар кој ќе се занимава со проширувањето и земјите кандидати – Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија но пред се Турција.

“Засега нема никаква одлука за тоа дали ќе има комесар за проширување. Г-дин Јункер во моментов разгледува повеќе опции за дистрибуција на портфељите за новата Комисија и одлука нема да биде донесена пред септември”, вели за НОВА Наташа Берто.

Во очекување на одлуката за имињата кои ќе ја составуваат Комисијата и начинот на распредлба на портфељите, се повеќе се слуша името на Бугарката Кристалина Георгиева која би требало да биде наследничка на Кетрин Ештон и да се занимава со заедничката надворешна и безбедносна политика. Во нејзиниот портфељ можеби ќе се најде место и за проширувањето доколку Јункер сепак не одлучи да именува политичар кој би му се постветил на ова досие, заедно можеби со соседската политика, како што тоа сега го прави Штефан Филе.

Работата на Георгиева во хуманитарната помош на ЕУ е оценета како беспрекорна а и фактот што е жена од мала земја го засилува нејзиното досие.

Во опциите кои, како што вели Берто, ги разгледува Јункер се чини дека една почнува да испливува на површината.

“За новата Комисија политички би било многу лош сигнал ако не се именува човек кој ќе се занимава со проширувањето. Пред се, тука се Србија и Црна Гора кои веќе се преговараат за членство но тука е и Турција која е земја кандидат и важен партнер на ЕУ. Токму од овие причини ќе мора да има политичар или политичари во ЕК кои ќе го водат ова досие”, вели за НОВА извор на ЕК кој побара да остане анонимен со оглед на тоа што одлуката не е донесена.

Вниманието на Јункер го привлече опцијата која овде во Брисел го доби називот “кластер” кој на македонски може да се преведе како “група”. Опцијата не е непозната во организацијата на бриселската администрација. Некои комесари веќе работат “по групи” а најпознатиот пример е оној на надворешните односи или “релекс”. Него го води Ештон заедно со комесарот за развој Андрис Пибалгс, комесарот за проширување и соседска политика Штефан Филе и комесарката за меѓународна соработка и хуманитарна помош Кристалина Георгиева.

Тоа би значело дека за одреден број портфељи ќе бидат ангажирани повеќе комесари. Според европскиот портал Еурактив екипата на Јункер веќе работи на можни нацрти за идниот изглед на ЕК. Идејата е ЕК да биде поделена на поглавија.

Така буџетот на пример би имал пет различни поглавија како раст, траен раст со природни извори кој си бе бавел со буџетот на земјоделството, безбедност и граѓанство, глобална Европа и администрација. Некои медиуми јавуваат дека Јункер веќе знае дека Марош Шефчович би останал да работи на администрацијата, Австриецот Јоханес Хан и Романецот Дачиан Сиолош би продолжиле со регионалната политика и земјоделство.

Ваквата организација на работата веќе ја доби поддршката на Јункер, на големи земји како Франција и Германија па дури и на Велика Британија се чини дека и се допаѓа предлогот.

Пјер Московици кој најверојатно ќе биде идниот француски комесар, веќе изјави дека ЕК мора да биде пополитичка од онаа на Хозе Мануел Баросо и да има поконцентрирана моќ.Тој смета дека ЕК треба да биде поделена на шест или седум «кластери» со компетенции околу кои ќе работат тројца или четворица комесари.
«Мислам дека «кластеризацијата» на Комисијата е круцијална», изјави Французот.

На помалите земји идејата не и им се допаѓа многу бидејќи сметаат дека со тоа тие ќе добијат комесари кои ќе имаат споредни портфељи и дека големите земји ќе ги земат важните теми на европскиот живот.

Доколу работата биде организирана на опишаниот начин, проширувањето би добило место во портфељот на потпретседателот на ЕК кој би се занимавал со надворешни работи кој денес го води Британката Кетрин Ештон но можно е исто така да биде именуван човек кој ќе работи со наследникот на Ештон но ќе има и свој кабинет посветен на само на проширувањето.

Според Георгиева, идејата за «кластери» е добра и сите важни одлуки на ЕК треба да бидат усвојувани на тој начин, со придонесот на повеќе комесари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.