НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деканот на Факултет за ветеринарна медицина:Промашена е методата за листерија

0
By Менче Атанасова Точи on August 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сосема е погрешен методот со кој се испитува листеријата во Институтот за јавно здравје, тврдат за НОВА на Факултетот за ветеринарна медицина.

Оваа шокантна информација за НОВА ја потврди и деканот Дине Митрев. Тој објаснува дека н е постои метод за испитување на бактеријата листерија какви што применува Институтот за јавно здравје со кој се докажува дали има или нема листерија, без да се утврди бројот на бактериите што е од пресудно значење. Овие методите постојат но, никако за броење на листеријата, тврди Митрев.

-Целиот начин до кој е дојдено до резултатот е погрешен. Не постои таква метода, тоа е погрешен начин за испитување и со него не може да се врши броење на бактериите. Во никој случај не може да се издаде ваков формат на резултат, изјави за НОВА деканот Митрев.

Од Факултетот за ветеринарна медицина се децидни дека правилниците на Институтот за Јавно здравје не се однесуваат на бактеријата листерија.

-Не постои правилник со кој бактеријата листерија се испитува на одредена површина, велат на Факултетот за ветеринарна медицина.


Од Факултетот потврдија дека резултатот од супер-анализата кој го објави НОВА, а со кој се докажува дека во спорниот свински врат нема листерија, е дефинитивен.

-Ова значи дека изворот на бакеријата треба да се бара на друго место, децидни се од таму.

На прашање на НОВА како ќе го објаснат првиот резултат добиен во нивната лабораторија каде што беше потврдено присуство на листерија во спорниот свински врат на Ексра меин, најден во маркетите во Гевгелија, а кој се совпадна со тој на Институтот за јавно здравје, од Факултетот со одговор:

-Ние добивме изолат од Институтот за јавно здравје што расте на плоча. Од каде е земен не знаеме. Можеме да потврдиме дека во оваа серија која е спорна нема листерија, децидни се од Факулетот за ветринарна медицина.

Од Факултетот за ветеринарна медицина велат дека епидемиолошките испитувања продолжуваат, изворот на бактеријата и понатаму се бара. Најавуваат дека наскоро ќе излезат со нови резултати пред Комисијата за заразни болести и Агенцијата за храна.

Реагираат и од компанијата Екстра меин, каде велат дека супер-анализата го демантира претходно добиениот резултат.

-Сакаме да потенцираме дека врз основа на анализата на примерокот од вакумиран сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевгелија никаде не е направена квантификација на присуство на бактеријата. Во микробиолошката анализа не е дадено колку колонии на листерија се пронајдени во примерокот. Со тоа, безбеден за употреба производ е прогласен за неисправен, реагираат од Екстра меин во своето соопштение.

Од Екстра меин доставија и копија од документот на Министерството за здравство, односно од Центарот за јавно здравје Велес од каде што се гледа дека не е направена квантификација на примерокот земен од малопродажен објект во Гевгелија.

Компанијата неколку пати потенцираше дека своето производство го има стандардизирано според сите законски процедури. Она за што компанијата не може да гарантира бидејќи не во нејзина надлежност е контролата на начинот на понатамошно чување на производите во малопродажбата откако ќе ја напуштат компанијата и нејзините капацитети.

Останува, истрагата да покаже колку се точни добиените резултати, со што очигледно Обвинителството го чека обемна работа. Од Комисијата за заразни болести ќе зависи дали ќе побараат да бидат направени анализи и во странство. Од Факултетот за ветеринарна медицина велат дека методата која што ја работат кај нив е иста и се применува секаде во светот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.