Легендарниот актер Робин Вилијамс очигледно починал од гушење заради бесење, изјави во вторник шерифот на Марин Округот, потполковник Кит Бојд, јавува Си-Ен-Ен.
Финалната причина нема да биде сертификувана за неколку недели, рече Бојд, кој исто така е помошник заменик-началник на на Округот.
Телото на Вилијамс беше пронајдено “малку наведнато во седечка положба” со ремен околу вратот, рече Бојд.
Другиот крај од ременот бил помеѓу затворена врата и рамката од вратата, рече Бојд.
Левиот зглоб на Вилијамс имал осекотини, кога тој бил пронајден мртов во спалната соба во неговиот дом, рече Бојд.
Џебен нож бил пронајден во близина на неговото тело, како и црвен материјал со исушена крв кој бил пронајден на ножот, рече Бојд.
Тој рече дека тестовите ќе бидат спроведени за да се утврди дали супстанцата е крв.
Вилијамс последен пат беше виден жив околу 22:30 во недела, од страна на неговата сопруга, кога отишла во кревет, рече Бојд.
Тој очигледно, отишол во спалната соба во непозно време после тоа, а неговата сопруга заминала од дома, околу 10:30 во понеделникот, верувајќи дека Вилијамс спие.
Личниот асистент на Вилијамс се загрижил, бидејќи тој не одговарал на ударите на вратата на неговата спална соба, влегол во собата и го нашол мртов во околу 11:45, рече Бојд.