НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без маска во затворен простор по пауза од две години

0
By Sashko on April 13, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задолжителното носење на маска во затворен простор за заштита од ковид-19 е укинато. Мерката што беше на сила во изминатите две години е повлечена на вчерашната владина седница по препорака на Главниот кризен штаб и Комисијата за заразни болести. Исклучок ќе биде јавниот превоз (автобус, воз, авион, такси), здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост.

По предлог на Комисијата за заразни болести, вчера беше прифатена и одлуката за укинување на забраната за организирање на екскурзии и настава во природа за основните и за средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), минатата недела во период од 4 до 10 април е забележан пад на бројот на заразени, хоспитализирани и починати лица од ковид-19. Процентот на позитивност се движи од 2,4 до 10,6 проценти, просечно 7,3 отсто.

Заклучно со 6 април, во земјава се вакцинирани 873.332 лица со барем една доза вакцина против ковид-19. Целосно имунизирани (со две дози) се вкупно 853.786 лица, а трета доза примиле 155.817 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.986.783 милиони тестирања за ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а активни се 1.111 случаи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.