НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК бара прифатливо решение за платите, Владата отворена за дијалог без условувања со штрајкови

0
By Sashko on April 13, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вториот ден од генералниот штрајк во училиштата и градинките мина без состанок меѓу СОНК и претставници на Владата. Според најавите од двете страни во понеделникот, нова средба ќе има деновиве во обид да се постигне решение за барањата на Синдикатот.

СОНК не отстапува од барањето за зголемување на платите на вработените во дејностите образование и детска заштита, и тоа веднаш, за 18,4 отсто, согласно порастот на минималната плата која од овој месец изнесува 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вчера соопшти дека од Владата очекуваат покана за работна средба на која повторно ќе ги изнесат своите аргументи за издржаноста на нивните барања. Се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен предлог за зголемување на платите кој ќе биде прифатлив од мнозинството негови членови.

„Со тоа би се донело одлука за прекин на штрајкот во најкус можен рок и продолжување на нормалниот тек на воспитно-образовниот процес“, објави Неделков на Фејсбук, кој за текот на вториот ден од штрајкот информираше дека не биле регистрирани посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, порача дека се отворени за дијалог за раст на платите кој нема да биде условен од штрајкови и незадоволства. На својот фејсбук-профил тој напиша дека го охрабрува Синдикатот да го продолжи дијалогот за трајно решение преку заеднички утврден модел за раст на платите.

„Отворени сме за дијалог за постигнување на систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства. Во таа насока, го охрабрувам Синдикатот да го продолжи дијалогот и да ја преземе одговорноста за трајно решение за раст на платите преку заеднички утврден модел“, напиша Ковачевски.

СОНК ја одби поддршката за штрајк од Прогресивниот синдикат на образование (ПРО), доколку се согласи со нивното барање за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 2.800 денари кое, според овој синдикат кој е во состав на Сојузот на синдикати на Македонија (СММ), е најодржливо решение. ПРО при ССМ бара со Законот за наставници и стручни соработници да процентуално регулирање на идните зголемувања на платите во образованието, согласно зголемувањето на минималната плата.

„Доколку СОНК го поддржи ова наше барање, ние ќе се приклучиме официјално кон штрајкот, а, се разбира, ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во насока на спроведување на активностите кои ги преземаат синдикатите за зголемување на платите за најмалку 2.800 денари во нето износ за сите вработени, вклучително и просветните работници“, соопшти ПРО.

СОНК во реакција, во која нагласи дека „не е етички синдикат да условува друг синдикат за давање поддршка во период на генерален штрајк“, одговори дека за неговите членови е неприфатливо зголемување на платите линеарно. Останува на ставот дека вреднувањето на трудот и зголемувањето на платите треба да биде во согласност со колективните договори за што, пак, доби поддршка од Независниот академски синдикат (НАкС).

Овој синдикат укажува дека со порастот на минималецот, нужно е зголемување на платите за сите вработени, вклучително и за вработените во високото образование и науката, со цел, како што посочи, „да се избегне изедначување на надоместокот што го добиваат вработените што вршат работа со различна сложеност или различен степен на образование“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.