Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 15 секунди скенирање на целото тело во подновениот оддел на Клиниката за пулмологија

0
By НОВА ТВ Balaban on April 13, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 13, 2022 12:11

Овозможува брзо скенирање не само на белите дробови туку и на целото тело, околу 15 секунди, и дава висококвалитетна слика којашто ни овозможува дијагностика и на интерспецијалните и други болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, изјави денеска медицинскиот директор на  Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ.

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија.

– Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за 80 проценти. Овозможува брзо скенирање не само на белите дробови туку и на целото тело, околу 15 секунди, и дава висококвалитетна слика којашто ни овозможува дијагностика и на интерспецијалните и други болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, изјави денеска медицинскиот директор на  Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ.

Тој посочи дека ќе работат во две смени, а резултатите ќе ги даваат веќе следниот ден.

– Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на здравствените услуги од областа на компјутеризираната томографија затоа што ќе работиме во две смени и резултатите ќе ги даваме веќе следниот ден. На овој начин, пациентите ќе дојдат до побрза дијагноза и ќе се овозможи побрзо лекување затоа што нема ништо поскапо на овој свет од спасување на човечки живот, рече Докиќ.

На оваа Клиника во годината пред епидемијата, како што информира, се остварени 22.198 амбулантски прегледи и 5.060 контроли, што значи над 27.200 посети од пациенти. Од сите тие, во просек на 2.195 пациенти им се прави компјутеризирана томографија годишно.

Министерот за здравство Беким Сали додаде дека ова е донација на ЕУ преку програмата ИПА, во висина од 3,7 милиони евра како дел од програмата за брзо справување со ковид кризата.

– Дел од оваа донација се и пет компјутерски томографи и три магнетни резонанци. Петте компјутерски томографи ќе бидат распредделени во општата болница во Куманово, во Прилеп, Кичево и Охрид. Ова е дел од нашиот проект кој веќе подолго време го објаснуваме дека многу е важна навремената дијагностика кај пациентите и снабдувањето со современа опрема. Ние овозможуваме рано детектирање и третирање на нашите пациенти, рече Сали.

Дејан Докиќ клиника за пулмологија компјутеризирана томографија Скенирање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.