Претседателите на Полска – Анджеј Дуда, на Литванија – Гитанас Науседа, на Летонија – Егилс Левитс и на Естонија – Алар Карис пристигнаа во Киев, соопшти Амбасадата на Естонија во Украина, пренесува Укринформ.
„Естонскиот претседател Алар Карис и неговите колеги – полскиот претседател Анджеј Дуда, литванскиот претседател Гитанас Науседа, летонскиот претседател Егилс Левитс – пристигнаа во Киев“, се вели во соопштението.
Во него се посочува дека се планирани средби со претседателот Володимир Зеленски и други украински претставници.