НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски- Борисов: Добрососедството во пракса

0
By Нова ТВ on February 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средбата помеѓу македонскиот премиер Никола Груевски неговиот бугарски колега Бојко Борисов заврши, после која немаше изјави за медиумите. Во Соопштението од Владата издадено по средбата се вели:

„Двајцата премиери ги поздравија односите помеѓу двете земји, и истакнаа силна посветеност за нивно продлабочување, унапредување и интензивирање на секое поле од взаемен интерес, и заложба за надминување на сите предизвици во духот на европските вредности.

Беше истакната посветеноста за унапредување на политичкиот дијалог, и интензивирање на средбите на високо ниво. Од големо значење е испраќањето на позитивни пораки во јавноста со што се придонесува во надминувањето на стереотипите и се јакне амбиентот и духот на соработката.

Владите се примарно насочени кон генерирање позитивен моментум со цел европеизација и стабилизација на нашиот регион. Добрососедството треба да се надградува и дефинира како искреност и посветеност во реализацијата на практичните дела. Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатланските структури, а во овој процес поддршката од соседите е есенцијална .

Беа опфатени темите околу постигнување на понатамошен напредок во врска со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и иницијативите од заеднички интерес.

Одржување на заедничка седница на двете Влади е двостран интерес и потреба, и можност да ги постави основите и за уште посодржајна соработка во доменот на економијата, енергетиката и инфраструктурата.

Се изрази согласноста и во тековното тромесечје и на подолг рок, да се интензивира соработката и да се зајакне меѓусебната доверба, преку реализација на практични проекти од образованието, културата, економијата, евро интеграцискиот процес, здравството, инфраструктурното поврзување, енергетиката, транспортот, животна средина.

Се акцентираше дека нужно е потребно зголемување на економската соработка, за која има голем потенцијал за иден развој, зголемување на трговската размена, и динамична соработка на полето на инвестициите, при што инвеститорите од една земја се добредојдени и очекувани за инвестиции во другата земја, и обратно. Во таа насока од особено значење е почетокот на работата на Мешовитиот комитет за економска соработка

Двете страни се фокусирани на реализирање на проектите од Коридорот 8, со акцент на железничката и автопатската линија Софија – Скопје, со партнерски пристап. Од особено значење е прекуграничната соработка и ефикасно користење на европските фондови, преку реализација на повеќе практични проекти од ИПА компонента.

Отворањето на граничниот премин „Клепало’’ (Берово-Струмјани) , ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард во пограничните региони од двете страни.

Двајцата премиери ја истакнаа својата иницијативност за понатамошно интензивирање на соработката“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.