НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Центар за јавно здравје во Велес: Гарантираме за точноста на анализите

0
By Менче Атанасова Точи on August 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за јавно здравје во Велес реагира на текстот каде што деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Дине Митрев тврди дека методите за испитување на листерија во Институт се промашени и не се точни. Реакцијата ја објавуваме во целост.

„Лабораторијата на Центар за Јавно Здравје Велес е акредитирана од институтот за акредитација на Република Македонија за детекција на листерија моноцитогенес во прехранбени производи,согласно МКЦ ЕН ИСО 11290 од 2008 година.

Центарот за јавно здравје Велес гарантира за точноста на постапката при идентификација на изолатот. Добиената мостра која е доставена до ЦЈЗ Велес со записник од државен санитарен и здравствен инспекторат е сечкан свински врат во вакуум -пакување со бар код 2860960763300230.

Примерокот е испитуван по гореспоменатата акредитирана метода при што е изолирана листерија моноцитогенес.

Поради настанатите околности на појава на смртни случаи од заболени лица од листерија, заради дополнително потврдување на резултатот, изолатот е испратен до Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет-Скопје.

На овој Институт исто така е потврдено дека се работи за листерија моноцитогенес. Во консултации со Институтот за микробиологија и паразитологија, изолираниот примерок е доставен до Факултетот за ветеринарна медицина за генетска типизација, со која е утврдено дека тој сој на листерија е со 98% сличност со генетскиот материјал од бактеријата изолирана  од заболените лица.

Со истата пратка беше доставен уште еден примерок од бактерија листерија моноцитогенес најден во фабриката Екстра мејн. Се работи за полу-готова смеса за производство на шунка од пилешки гради, за доиспитување на Институтот на микробиологија и паразитологија, каде исто така се потврди дека се работи за листерија моноцитогенес.

И овој примерок беше пратен за ДНК типизација. За тој примерок добив информација дека има различна ДНК и не е причина за појавената болест.

Центар за Јавно Здравје Велес гарантира за точноста на издадените резултати. Несериозни се нападите и изјавите во дел од медиумите на лица кои не се запознати со процедуратана испитување во ЦЈЗ Велес“, се вели во реакцијата на Центарот каде што е директорка др. Флорентина Ристовска Шурбевска.

Во електронска пошта доставена до медиумите Ристовска Шурбевска вели:
— 
„Ве замолувам сите медиумски куќи да известувате објективно и да не правите хистерија, бидете објективни, тоа го заслужуваат заболените и починатите од оваа болест.

При испитувањата што ги вршевме, баравме бактерија предизвикувач и храна, носител на бактерија, со цел да нема нови заболувања, а не со цел некого да обвинуваме. Мислам дека и вие не треба било кого однапред да ставате на столб на срамот. Дозволете институциите на системот да си ја вршат својата работа, пишува Ристовска Шурбевска, која ги испрати и следните документи:


Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.