Пожарот во „ Треска “ е ставен под контрола, изјави граѓанин за НОВА кој живее во една од бараките во кругот на некогашната фабрика.
За среќа огнената стихија е локализирана и не се проширила кон бараките.
Гореле лепаци и други хемикалии кои останале од некогашната фабрика во сега напуштениот објект, оттаму и густиот и темен чад кој се издигна во центарот на Скопје.
Очевидци за НОВА кои во моментот се наоѓаат во близина каде сеуште има активен оган но не е со толкав интензитет како претходно, велат нема опасност од негово повторно распламтување.
Булеварот „Теодосиј Гологанов“ е блокиран за сообраќај.