Новото примирје во Газа ќе трае пет дена, најави палестинскиот преговарач Азам ал Ахмед.
Пред тоа тој и други палестински претставници говореа за само 72-часовен прекин на огнот.
-Тоа ќе трае пет дена, рече Ахмед, додавајќи дека ќе биде потребно повеќе време за да се разгледаат „некои” преостанати спорови со Израел за долготрајно примирје.
Палестинската страна соопшти дека Израел извршил 4 воздушни удари по Газа очигледно како одговор на истреланата палестинска ракета малку пред истекот на претходното примирје.
Палестинските наводи не беа потврдени од независни извори.