Детската градинка „Детелинка“ во Ѓорче Петров, утрово осамнала целосно испишана со црн спреј и со пораки со недолична содржина.
Пораките се во контекст на актуелните случувања со синдикатот и штрајкот во образованието.
Полицијата е известена за ова случување и веднаш излегла на терен. Се работи на расветлување на случајот и на откривање на можниот сторител кој ја руинирал фасадата на објектот за згрижување на деца од најмала возраст.