НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Заев пред членовите на СИРИЗА: Ја предизвикувам тезата дека Европа ќе биде предводена од екстремната десница

0
By Sashko on April 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

АТИНА. „Нашето пријателство е крунисано со наградата „Евалд фон Клајст“, чија цел е да им оддаде чест на водечките личности во безбедносната политика кои дадоа исклучителен придонес во меѓународниот мир и управувањето со конфликти”, рече поранешниот претседател на владата Зоран Заев вечерва пред членовите на СИРИЗА во Атина во рамки на партискиот конгрес на кој е гостин на покана на лидерот Алексис Ципрас.

Заев рече и дека тој и поранешниот грчки премиер Ципрас ја делат и „Хесијанската награда за мир” која се доделува на поединци кои имаат извонредна услуга за унапредување на меѓусебното разбирање меѓу народите и мирот, а, ни беше доделена, дополни експремиерот, и „Меѓународната награда за мир на Вестфалија“ која им оддава почит на личности или претставници на држави кои се залагале за европската интеграција и мирот во Европа.

„Но, пред да нѝ бидат доделени овие награди, јас и Алексис, бевме решени да направиме огромен заеднички чекор кој ќе работи за иднината на нашите земји, нашите граѓани, целиот регион и Европа, во име на иднината на пријателството, мирот и стабилноста, за нашите млади генерации”, истакна Заев.

Осврнувајќи се на Украина, тој потенцираше дека воените дејствија што ги презеде Русија создадоа, како што рече, силни ризици, загрижености и стравови.

„Единственото решение е мирот. Итен дијалог наместо насилство. Затоа, целосно ја поддржувам независноста и територијалниот интегритет на Украина и изразувам сочувство до украинското раководство и до семејствата на жртвите. Итно се потребни мир и дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право, заедничките вредности, човековите права и заштитата на основните слободи”, подвлече експремиерот Заев.

Ние, демократскиот свет, како што рече тој, треба да продолжиме да ја зајакнуваме меѓународната соработка и координација за да развиеме нови пристапи за промоција и заштита на демократиите ширум светот.

„Со Алексис работевме за мир и успеавме да го решиме конфликтот кој не враќаше длабоко во историјата. Овој успех има влијание многу подалеку од регионот. Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само закон на најсилните. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста”, порача Заев.

„Затоа Алексис и јас избравме да направиме се што можеме за да најдеме решение. Да не се одложува. Кој е украсен со доблести? Оној кој едноставно го пролонгира проблемот или тој што прифаќа да го најде решението? Дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е – невозможно”, рече тој.

„Тоа е начинот на кој работат пријателите. Фокусирани на решенија. Градење мостови, а не ѕидови!”, истакна поранешниот претседател на владата, Зоран Заев во својот говор пред членовите и симпатизерите на СИРИЗА.

Во продолжение Заев посочи и дека двете партиите од левицата треба да продолжат уште повеќе да соработуваат.

„Идеите на левицата мора да се промовираат, гласно да се зборуваат и да се артикулираат. И ние треба да преземеме активности според нашите идеи. Имаме добри шанси. Ја оспорувам тезата дека Европа е или ќе биде предводена од екстремната десница. Има многу земји како Грција и Северна Македонија кои го покажаа спротивното. Да останеме заедно. Да направиме повеќе за демократијата и за солидарноста. Ајде да свртиме друга страница”, порача Заев.

Неговиот говор кој беше проследен со бурни аплаузи од членството на СИРИЗА заврши со поздрав на грчки и на македонски јазик при што тој се заблагодари на вниманието и срдечното добредојде. Зоран Заев и поранешниот министер за здравство во неговата влада, Венко Филипче, присуствуваат на дводневниот конгрес на СИРИЗА во Атина, чиј почеток беше вчера попладне.

Денеска како гости на конгресот допатуваа и заменичката претседател на СДСМ Сања Лукаревска и меѓународниот секретар, министерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Б.Ј.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.