Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас донесоа тектонски промени во релациите меѓу Северна Македонија и Грција. Светот ги препозна како “game-changer” лидери по склучувањето на Преспанскиот договор кој беше влезница за НАТО на нашата земја и кој ја подобри политичката клима во регионот со одмрзнувањето на односите меѓу двата соседи.
Во ексклузивно интервју за НоваТВ, правено во неформална атмосфера за време на конгресот на СИРИЗА во Атина, нашиот известувач со нив разговараше за тоа како е да се биде набљудувач на влада наместо премиер, за значењето на Преспанскиот договор и за други теми кои можете да ги погледнете во интервјуто.