НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи појаснува: Бугарската страна зборува за ланскиот предлог од Рига

0
By Sashko on April 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонско-бугарскиот спор е очигледно сензитивна тема во двете општества и побудува голем интерес, многу емоции и различни интерпретации, но она за што деновиве се крева многу прашина во двете земји, всушност е португалскиот предлог кој сè уште е основа за постигнување на договор, појасни министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Јас сум во комуникација со министерката, еве и денеска имавме можност да разговараме и со премиерот. Тоа што јас зборувам за документ е всушност е португалскиот предлог кој сè уште е основа за постигнување на договор и кој што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во текот на овој период. Сметам дека тој предлог останува сржта за изнаоѓање на решение што е прифатливо за двете страни. Мислам дека вчерашниот коментар на бугарското Министерство за надворешни работи се однесуваше на одговорите на т.н. пакет „5+1“ кои беа предадени, односно претставени уште во Рига во минатата година“, вели шефот на македонската дипломатија.

Но, тие прашања, вели тој, се помалку важни. Османи ја нагласи важноста за продолжување на комуникацијата, бидејќи, како што рече, „оваа тема очигледно предизвикува доста различни ставови и во Бугарија, па и во рамки на коалицијата“.

„Нашите позиции се јасни. Ние се движиме во рамки на позициите што ни ги наметна парламентот. Сметаме дека предлогот на меѓународната заедница е единствениот официјален предлог на Европската Унија, претставена преку, тогаш, португалското претседателство. Тој документ, односно португалскиот предлог кој ние сме го прифатиле, останува и сметаме дека треба да биде основа за решение“, порача Османи.

Министерот потенцира дека овие чести средби, и покрај сите разлики, само можат да ја подобрат таа динамика за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение и одблокирање на евроинтегративниот процес на земјава. 

„Очигледно е дека имаме разлики, имаат разлики и партиите внатре во Бугарија, имаат и нашите овде. Не е лесно прашање, комплексно прашање е. Меѓутоа, ние, како политичари, сме должни да испорачаме европска перспектива на граѓаните, притоа штитејќи ги нашите интереси. Покажавме дека можеме да штитиме нашите интереси, инаку многу поодамна ќе имавме решение. Но, никогаш не се откажавме од наметнување на притисок, бидејќи европската перспектива е наш важен стратешки процес“, заклучи Османи по денешната посета на трансформаторската станица „Битола 2“ и презентација на далеководот „Битола – Елбасан“ во придружба на неговата бугарска колешка Теодора Генчовска и бугарскиот премиер, Кирил Петков. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.