Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска е назначена за нова кординаторка на Форумот на жени на СДСМ. Ја предложи лидерот на владеачката партија, Димитар Ковачевски, а беше избрана на денешната трета седница на Извршниот одбор на местото на досегашната претседателка, Снежана Калеска Ванчева.
„Трeнчевска е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, актуелна министерка за труд и социјална политика. Честитки! Во името на сите членови на СДСМ и се заблагодаруваме на досегашната претседателка Снежана Калеска Ванчева за досегашниот ангажман и значаен придонес“, се вели во постот на официјалниот Фејсбук налог на СДСМ.