НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстра меин: Методата за генотипизација не е акредитирана

0
By Менче Атанасова Точи on August 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Методата за генотипизација со која што компанијата Екстра Меин беше прогласена за виновна не е акредитирана, тврдат за НОВА од компанијата.

-Освен, сомнителниот начин на кој што е земена мострата од Гевгелија и доцнењето од два дена за да биде доставена во лабораторијата во Велес, како и ненаправената квантификација (броење на бактериите) на колониите на листерија,излезе на виделина и методата за генотипизација дека воопшто не е акредитирана, обвинуваат од Екстра меин.

Од оваа компанија во чиј производ сецкан свински врат надлежните тврдат дека е пронајдена опасната листерија, остро реагираат на изјавата на претседателот на Комисијата за заразни болести болести Звонко Миленковиќ дека квантификацијата( броењето на бактериите) не е од пресудно значење кога е направена генотипизација.

Нивната реакција ја објавуваме во целост.

„Почитуван Д-р Sвонко Миленковиќ, Претседателе на Комисијата за заразни болести: Вие изјавивте дека за наводно позитивната мостра на Компанијата Екстра Меин, најдена во примерок земен од малопродажба во Гевгелија, а можеби и во Негорци, е направена квантификација

Со сета почит кон Вашата титула, тоа го демантира резултатот добиен од Центарот за јавно здравство во Велес, потоа Факултетот за ветеринарна медицина, како и Агенцијата за храна и ветеринарство!

Претседателе, како тогаш мострата за која не е направена квантификација ја земавте како позитивна? Дали е тоа етички и правно издржано?

Понатаму, Вие изјавивте дека листерија е пронајдена во четириесетина производи, но дека најголемиот дел подлежат на термичка обработка, а дека само во еден, чадениот сецкан вакумиран свински врат на Екстра Меин е во производ готов за консумирање. И непотребно ја ставивте нашата Компанија на столбот на срамот!

Од друга страна, Министерството за здравство објави резултат во кој убаво пишува дека се пронајдени повеќе производители, во повеќе производи готови за јадење, во кои има листерија. Ама не ги објавивте! Зошто? Дали Претседателе, ова значи дека имате повеќе аршини по кои Вие постапувате? Не сакаме да веруваме дека тоа е тенденциозно, но резултатите укажуваат на тоа!

Згора на тоа, денеска изјавувате дека не е битна квантификацијата кога сме имале генотипизација?!? И тоа како е битна, ако не и најбитна!

Претседателе, би требало да знаете дека квантификација се прави за да се определи инфективната доза за инфицирање на конзументот, а согласно Правилникот за посебни барања што се однесуваат на микробиолошки критериуми на храната, инфективната доза е 100 колонии на еден грам! Инаку, зошто тогаш би била воопшто ставена во Правилникот?

Ако на тоа се додаде изјавата на директорката на Центарот за јавно здравје во Велес, Флорентина Ристевска-Шурбевска дека тие таму направиле квантификација, ама не ја квантифицирале во Извештајот, затоа што брзале да издадат документ дека ја има за да може да се реагира за доброто на граѓаните станува збор за врвен волонтеризам кој што, сосема обратно, е на штета на граѓаните!

Понатаму, Претседателе на Комисијата за заразни болести, дали Вие знаевте дека методата за генотипизација на Ветеринарниот Институт во Скопје – НЕ Е АКРЕДИТИРАНА? А постојано се повикувате на неа!

Кој сега ја направи штетата и, конечно, кој ќе одговара за штетата? Прекинете со импровизации, фатете се со работа и барајте ја листеријата на вистинското место!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.