НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не сме задоволни со пресудата за „Плацови на Водно“, ќе поднесеме жалба, порача адвокатот Давидовиќ

0
By Sashko on April 21, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апсолутно не сме задоволни и ќе ја обжалиме пресудата во законскиот рок, кога ќе го добиеме писмениот оправок и кога ќе ги анализираме причините поради кои е донесена пресудата, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ, по денешната пресуда за случајот „Плацови на Водно“, во која на Сашо Мијалков му беше изречена казна затвор од една година за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

„Судијата ги наброја причините и на неколкупати згреши. Еве конкретно ниту еден предмет, зборувам за мојот клиент, ниту еден предмет не е правосилно завршен, па тоа што се во тек постапки не значи дека треба да биде причина за заострување на казната, особено што и за други обвинети има постапки кои се во тек. Но, тоа ќе го расправаме пред Апелационен суд“, рече Давидовиќ.

Дополни дека она што не им се допаднало било изречена казна која е поостра од оние кои вршеле перење на пари, а помагачот, како што рече, „наводно при перење на пари е казнет построго од оние кои го сториле самото кривично дело“.

„Но, во секој случај, она што постојано го укажувавме во текот на постапката и пред Апелациониот суд ќе го изнесеме, е дека не постоеше ниту еден материјален доказ за ваква пресуда за мојот клиент, и дека буквално е на исказ на еден сведок кој буквално беше дискредитиран и од кој што најголемиот дел од имотот и се одзема. Свесни сте во судницата конфискација на имотот и одземањето на имотот е од сите други обвинети и сведоци освен од мојот клиент, па вие проценете самите“, рече тој. 

Во овој случај, Судечкиот совет денеска изрече седумгодишна казна затвор за поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Неговиот кум Ристо Новачевски е осуден на условна казна во времетраење од две години, бизнисмените Ненад Јосифовиќ на двегодишна условна осуда, а Јордан (Орце) Камчев е осуден на едногодишна затворска казна кои, исто така се обвинети за за „перење пари”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.