По вчерашната одлука на Стевче Јакимовски да му сврти грб на СДСМ и да се кандидира за општина Карпош од Српската напредна странка, СДСМ ќе го исклучи Јакимовски од Партијата. Во моментов се очекува со соопштение од СДСМ за да се објави одлуката, потег кој претходно беше најавен од генералниот секретар на Партијата Андреј Петров:
„Со оглед дека опозицискиот блок покажа големо единство и компактност, одлуката на Стевчо Јакимовски ја третираме како изолиран случај. Мотивите за неговата одлука набрзо ќе излезат на површина, а многу брзо со одлука на партиските органи и во согласност со статутот на партијата Јакимовски ќе биде исклучен од СДСМ. Впрочем, одлуката да се биде кандидат на Српска напредна странка во општина Карпош, самата доволно зборува за себе“, вели Петров.