НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстра меин: Директорката во Велес ги фалсификувала документите

0
By Менче Атанасова Точи on August 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екстра меин ја обвинува Директорката на Центарот за јавно здравје во Велес Флорентина Ристовска Шурбевска дека ги фалсификувала документите во постапката за испитување на бактеријата листерија. Од компанијата тврдат дека на посочениот датум на 23 јули, кога е најден спорниот свински врат, во маркетот во Гевгелија воопшто немало вакумиран сецкан свински врат од Екстра меин.

“Согласно Решението на Министерството за здравство, Државен санитарен и здравствен инспекторат во Подрачното одделение во Гевгелија, се наведува дека на 23 јули 2014 година е извршен Инспекциски надзор во гевгелиската Компанија АЛДИ ЕМ Плус. Ова, наводно, е маркетот од каде што е земен спорниот примерок за анализи на сечкан вакумиран свински врат од производителот Екстра Меин.

Понатаму, дека инспекцискиот надвор врз овој маркет е извршен на 23 јули 2014 година, се потврдува и во Известувањето до Министерот за здравство Никола Тодоров, испратено од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, а потпишано од директорката Флорентина Ристовска Шурбевска.

На посочениот датум на 23 јули, во наведениот малопродажен објект во Гевгелија воопшто немало вакумиран сецкан свински врат од Екстра меин. Прв датум кога од страна на дистрибутерот во посочениот објект е доставен за продажба вакумиран свински врат е 24 јули 2014 година“, се тврди во писменото соопштение на компанијата.

Од Екстра меин објавуваат документи од кои, како што велат, станува јасно дека Ристовска Шурбевска е една од најодговорните во фалсификувањето на постапката и на документацијата.



-Тоа е вистината! А таа ја поткрепуваме и со фактури-испратници од нашиот дистрибутер кон малопродажниот ланец. На увид на јавноста и ставаме се што било дистрибуирано од производите Екстра Меин во продавницата! Дури, испраќаме и фактури -испратници од 21 јули од кои што е повеќе од очигледно дека нема достава на вакумиран сечкан свински врат!!!

-Врв на фингирањето на случајот граден врз Екстра Меин е резултатот од тестирањето на спорната мостра во Центарот во Велес, каде што потписничката на документот Шурбевска наведува дека датумот на земањето и на приемот на мострата е на 25 јули, 2014 година!

Покрај овој факлсификат, Шурбевска треба да му објасни на министерот Тодоров, на македонската јавност, но и на Јавното обвинителство, меѓу останатото, каде била мострата во овие два критични дена. Настрана што се уште стои отворено прашањето од каде, како и кога е земена спорната мостра!

Сите документи од наша страна се доставуваат и до Јавното Обвинителство!“се вели во соопштението на Екстра меин.



Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.