Ова беше трета среќа за мене во третата година од фестивалот и ви благодарам што ме
поканивте, рече денеска балканската звезда Здравко Чолиќ, во кабинетот на градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
– Во Струмица не сум бил долго време, во овие неколку години откако почна фестивалот,
ми беше важно да ме повикате, па еве трета среќа, во третата година и ви благодарам што
ме поканивте. Синоќа имаше една убава енергија како кај младите така и кај повозрасните.
Бевме сите расположени ни се погоди и времето, не беше многу топло, немаше дожд, што
е многу важно кога се работи за фестивал на отворено. Мило ми е што добро ви оди, им
посакувам на граѓаните добра работа, здравје, се надевам дека фестивалот и понатаму ќе
расте, после три години веќе луѓето се навикнати да го посетат. Ви посакувам се најдобро и
посакувам фестивалот да трае многу долго, рече Чолиќ.
Градоначалникот на Струмица не го криеше задоволството што во градот Струмица настапи како што истакна најголемата мега ѕвезда на балканот.
– Имавме чест да ни биде гостин во кабинетот на собранието на општина Струмица, каде
што имавме можност да го запознаеме со нашиот струмички регион, да ги презентираме сите придобивки. Фестивалот кулминираше оваа трета година и по сите проценки што ги
прават стручните служби и лугето, бројката на посетеност синоќа помина над 80 000 луѓе.
Покрај огромниот плоштад, според нас најголем плоштад во Македонија, посетеноста беше
покриена од градскиот парк па се до општинската зграда, што само по себе покажува
колку е респектиран Здравко Чолиќ од сите генерации на граѓани Преку 200.000 посетители
заокружуваме за овие 11 дена и сум среќен затоа што сите се среќни како партиципанти во она што значи организација на фестивалот, рече Заев.
Пред општинската зграда денеска беше полно со фанови кои чекаа да се отографираат со Здравко Чолиќ. Балканската ѕвезда последен пат бил во струмица пред 30 години.
Струмичкиот градоначалник на крајот беше во улога на фоторепортер фотографирајќи ги
новинарските екипи заедно со Чолиќ.