Вчера попладне полициски службеници од Карпош привеле малолетник од Скопје поради тешка кражба која ја извршил на најдрзок можен начин. Имено, истиот ден околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош пријавениот малолетник на девојка и одзел златен ланец од вратот. По приведувањето сторителот бил испрашан во полиција од страна на полициски службеници специјализирани за малолетничка деликвенција. По соочувањето со девојката, крадецот бил препознаен. Полицијата ќе преземе натамошни мерки, се вели во соопштението. (Р.Н.)
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.