Во последните три дена, од 22 до 24 април, се регистрирани вкупно 147 нови случаи на ковид-19 од направени 3.722 тестови, пријавени се вкупно пет починати пациенти и 238 оздравени, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 630, а во осум градови во моментот нема ниту еден случај на ковид-19.
Од 147-те нови случаи, во Скопје се 84, во Битола – 15, во Кавадарци – 12, во Куманово – 10, во Велес – 6, во Прилеп – 4, во Штип – 3, во Тетово, во Охрид, во Кочани и во Неготино – по 2, во Гостивар, во Струмица, во Кичево, во Кратово и во Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.
Во текот на изминатите три дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани две починати лица од Куманово (78 год.) и од Тетово (80 год.).
Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани три починати лица од Скопје (77 год.), од Битола (73 год.) и од Прилеп (65 год.) во периодот од 03.04 до 19.04.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630.