Колона со возила која се провлекува и по неколку киилометри се создаде на планинскиот превој „Плетвар“. Причина е сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп поради што сообраќајот е пренасочен по алтернативни правци.
„Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци – Прилеп поради сообраќајка“, потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
„Во 14:35 часот се случила сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански регистарски таблички и патнички автомобил марка Ауди А4. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа болница Кавадарци, е пренесено во кавадаречката болница“, појасни Самарџиев.