НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК вечерва треба да донесе одлука што продолжува – штрајкот или наставата

0
By Sashko on April 26, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: facebook/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашниот договор меѓу Владата и СОНК, денеска треба да биде донесена конечна одлука за прекин на штрајкот. Одлуката ќе биде донесена по консултациите на раководството на Синдикатот со членството кое доколку се изјасни потврдно ќе значи и враќање на учениците во училиштните клупи по двонеделниот прекин на наставата.

Раководството на СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, а средствата ќе бидат обезбедени со релабанс на Буџетот. Според Владата, зголемувањето на платите од 12 проценти нема да претставува ризик од дополнителна инфлација и нема да се одрази на нормалното сервисирање на обврските од Буџетот.

На состанокот, на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министрите за труд и социјална политика и за образование и наука, Јованка Тренчевска и Јетон Шаќири, било договорено и креирање нова методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на годинава, а ќе се применува од 2023 година и ќе биде дел од општиот Колективен договор. Како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор ќе биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, којшто ќе почне да се исплаќа од следната година.

Постигнатиот договор го поздравија и од Сојузот на средношколци. Оттаму изразија задоволство што двете страни го послушале апелот и што постигнале компромис.

Штрајкот во основното и во средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бараше веднаш зголемување на платите за 18,4 проценти и усогласување на останатите плати со минималната плата. Владата првично предложи зголемување на платите од 10 проценти, но овој предлог не беше прифатен од страна на СОНК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.