Поради реконструкција на водоводна цевка Ф-80 мм. на улица „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, во близина на зградата на Владата, прекин во водоснабдувањето денеска ќе бидат корисниците од оваа и од улиците „Ристо Шишков“, „Аминта Трети“, „8 март“ и „Наум Наумовски Борче“, како и дел од булеварот „Илинден“, во Општина Центар, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.
Од таму појаснуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до завршување на работите.
Поради реконструкција на водоводна цевка Ф-150 мм. на крстосницата на улиците „Св. Наум Охридски“ и „Кавалска“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Пржино“, „Кавалска“ и „Благоја Гојан“ во населбата Пржино, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување со работните активности.