Роберт, Бобан, Миле и Игор, имаа визија и цел, борејќи се за посветла иднина покажаа морални вредности кои сме должни да ги чуваме, надградуваме и почитуваме, рече Зариоски.
Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски положија венец со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили, кои го изгубија животот на 28 април 2001 година во Вејце.
Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и припадници од баталјонот за специјални сили, командите на единиците на Армијата, поранешни припадници на баталјонот за специјални намени и членови на семејствата на загинатите припадници на Армијата.
Пред присутните се обрати командантот на баталјонот на специјални сили потполковник Оливер Зариоски кој изрази длабока почит кон припадниците на баталјонот кои ги загубија животите пред 21 година во Вејце.
– Роберт, Бобан, Миле и Игор, имаа визија и цел, борејќи се за посветла иднина покажаа морални вредности кои сме должни да ги чуваме, надградуваме и почитуваме – рече Зариоски.