Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Утре температурите ќе опаднат за неколку степени и ќе настапи период на променливо облачно и посвежо време, наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку денот.