Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оцени дека внесувањето на Бугарите во Уставот е созревање на процесот и оти тоа е најдоброто решение, но дека не можеме да го направиме тоа пред почетокот на преговорите со Европската Унија (ЕУ).
Османи изрази стравување дека по оваа шанса, ќе има сè помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија.
Според него, ќе се чека од ЕУ да каже што понатаму, бидејќи ние сме направиле се што сме можеле и не можеле.
„Цел свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина“, вели Османи.
„Се надевам дека тоа нема да го кажат јавно, затоа што јас да сум граѓанин и ова важно прашање да го врзат со политичката иднина и кариера на некој од политичарите, навистина тоа би било политичко самоубиство за секој што ќе го каже“, вели Османи.