НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американска конгресменка најави можни санкции за Бугарија поради ветото за Македонија

0
By Sashko on April 29, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: thehill.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија, бидејќи одбива да го тргне ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ).

Во интервју за „Гласот на Америка“, таа рече дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон, Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.

„Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион“, истакна Тени.

Таа изрази загриженост што овие разговори се во сенка на она што се случува во Украина и оти не се толку сериозни како што би можеле да бидат.

„Бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог, во разговор и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата за која треба да најдеме решение. Ова има негативно влијание врз остатокот на Западен Балкан“, вели Тени.

На прашањето да ја искоментира посетата на бугарската делегација предводена од Кирил Петков на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, таа рече оти е разочарана што гледа како Бугарија продолжува да постапува и време е за поагресивна акција на САД во однос на дипломатски притисок врз нив и да ги доведеме на маса.

„За жал, мислам дека нема да го добиеме тоа од администрацијата на Бајден. Тие не изгледаат толку заинтересирани за овој регион во светот, кој мислам дека е еден од најкритично важните региони во светот. Отсекогаш бил порта меѓу Истокот и Западот. И секогаш е многу, многу важно ние како земја да ги поддржуваме сојузниците на НАТО во овој регион. Како што знаете, не се сите сојузници на НАТО, и не се сите во ЕУ. Значи, имаме многу историја и години на борба во овој регион“, оцени Тени.

На прашањето на „Гласот на Америка“ дали се променил пристапот на САД кон Западен Балкан по руската инвазија на Украина и дали гледа потреба од итна интеграција на регионот во ЕУ поради безбедносни ризици, таа истакна дека многу од земјите се потпираат на поддршката на САД како клучен сојузник.

„Мислам дека многу од овие земји се ранливи. И тие се ослонуваат на поддршката од САД како клучен сојузник. Она што го покажува украинската стратегија и украинската ситуација со Русија е колку е важно САД да продолжат да имаат уште посилен ангажман во земјите од Западен Балкан, затоа што не сакаме да видиме какво било слично ужасно сценарио на Западен Балкан како што гледаме во Украина“, кажа конгресменката Тени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.