Јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред поради Меѓународниот ден на трудот 1 мај и верскиот празник Рамазан Бајрам.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека дежурни билетарници во понеделник од 7 до 14 часот ќе бидат објектите кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров.
Сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено во сабота (30 април), додека недела е неработен ден за сите продажни места.
Жичницата на Водно за време на претстојниот викенд, како и в понеделник ќе функционира вообичаено од 10 до 18 часот.