НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина мајката на Аки Рахимовски кој на неполни 4 часа пред смртта на своја братучетка и кажал дека доаѓа во Скопје

0
By Mirjana on April 30, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: Република
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 87 годишна возраст по кусо боледување, вчера во Скопје во еден од домовите за згрижување стари лица, почина Ани Рахимовска мајката на балканската музичка ѕвезда Аки Рахимовски. Посмртните останки на Ани Рахимовска ќе бидат погребани претстојнава недела.

Ани Рахимовска поради состојбата со старечката деменција , не знаела за смртта на нејзиниот син, ни изјави Мина Сефер внука на Ани и братучетка на Аки и најблизок член на семејството на Рахимовски со кого се ословувале како сестра и брат, зашто и заедно растеле како деца. 

Мина Сефер, братучетка на Аки Рахимовски со која последно разговарал пред смртта

Мина Сефер ни раскажа дека Аки често доаѓал да ја посетува мајка си, особено откако таа по сопствена воља се вратила од САД, каде престојувала кај нејзината ќерка Џули, единствената сестра на Аки. Мина ни соопшти дека Ани, била многу горда на музичката кариера на нејзиниот син и тоа често знаела да го истакнува низ разговор со роднините и пријателите, и особено што целата фамилија имала смисла за музика и природна дарба за тоа. 

Во нашето барање за потврда на смртта  на Ани Рахимовска, Мина Сефер сподели една информација со јавноста за последните часови од животот на Аки Рахимовски кој згасна на 22 јануари годинава, дотолку повеќе што за овие три месеци, семејството Рахимовски се соочило со три смртни случаи , зашто починала и мајката на Мина, тетката на Аки.

– На 22 јануари утрото околу 8.20 часот ми се јави Аки и ме извести дека ќе дојдел тие денови, зашто потоа ќе одел на рехабилитација во Пула по зафатите на стентирање што ги имаше, па дека ќе отпочнела сезоната на концерти по пандемиската пауза , и дека имал желба да ја види мајка си зашто со оглед на годините и нејзината здравствена состојба не знаел дали ќе може да издржи уште долго време, раскажа Мина за НОВА.

– Ми кажа дека ќе дојде во недела и дека ќе си оди во среда и дека ќе поседи  2-3 дена кусо време, и затоа уште од Загреб ми порача да му направам сарма од лозов лист која ја обожаваше. Јас му ветив и така го финализиравме нашиот разговор преку Вибер. За неполни 4 часа, откако го завршив разговорот со Аки,  добив повик од САД од зетот на неговата сестра Џули дека Аки починал. Сеуште сум во шок од тој момент и не можам никако да се опоравам , ни изјави  Мина, братучетката на Аки за НОВА, која воедно е последната од семејството Рахимовски во Скопје со која Аки обавил разговор пред да почине.  Аки Рахимовски почина на 22 јануари откако му се слошило и бил хоспитализиран но за жал медицинската интервенција завршила безуспешно.

(М.Т.)

 

 

 

Ани Почин амајката на Аки Рахимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.