НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авиокомпанијата „Гуливер“ престана да продава билети за летот Софија – Скопје по 21 мај

0
By Sashko on May 3, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: exyuaviation.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарската авиокомпанија „Гуливер“ престана со продажба на билети за релацијата Софија – Скопје – Скопје по 21 мај, објави интернет порталот exyuaviation.com, пренесуваат бугарските медиуми.

Релацијата беше обновена пред повеќе од еден месец, поточно на 26 март и на првиот лет патуваа 22 лица. Авиокомпанијата првично се обврза да ја опслужува линијата двапати неделно – во сабота и во понеделник.

Интернет страницата на компанијата „Гуливер“ не нуди никакво известување за прекинот на летовите на релација Софија – Скопје и обратно, ниту, пак, зошто не може да се купи билет по 21 мај.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека причина за прекинот најверојатно се преговорите што ги води авиокомпанијата со бугарската Влада во делот на субвенционирањето.

„Кога го разгледувавме ова прашање, разговаравме за две опции. Првата беше да биде целосно комерцијална, односно дали ќе има интерес од патниците, а втората да биде субвенционирана од владите при што таа обврска ја презеде Република Бугарија. Мислам дека првата фаза беше обид да се види комерцијалната рентабилност. Според моите информации, мислам дека ова запирање е процес на преговори меѓу компанијата и Владата дали ќе има поддршка или не“, изјави Османи.

Ниту од „ТАВ Македонија“ немаат информација од авиокомпанијата за прекин на авиолинијата Софија – Скопје.

„Моментно немаме никакви информации од страна на авиокомпанијата за прекини во најавениот распоред на летање“, велат од „ТАВ Македонија“ по информациите дека авиокомпанијата „Гуливер“ ја прекинува продажбата на карти за оваа линија.

Од Владата информираа дека воспоставувањето на авиолинијата не е субвенционирано од нивна страна и за сите одговори упатија на адреса на авиокомпанијата.

„Во однос на авиолинија Софија – Скопје, информираме дека авиокомпанијата која го оперира овој лет нема склучено договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за транспорт и врски. Според информации со кои располагаме, авиокомпанијата има одобрено термини (слотови) за полетување и слетување и во текот на овој месец“, стои во одговорот на Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.