Интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите кои живеат таму и без да се запре говорот на омраза. Интеграцијата на Македонија во ЕУ, за Бугарија е стратешка цел но откако ќе се надминат горенаведените појави, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, која се одржува на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев.
Радев, исто така, посочи дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Северна Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Северна Македонија.
-Промената на Уставот на Северна Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја, изјави Радев.