Целата количина на млекото „Лагано јутро“ на хрватскиот производител „Дукат“ во кое е пронајдено присуство на афлатоксин М1 ќе биде уништена.
Како што објави НОВА ова млеко е под контрола и никогаш не било пуштено во малопродажба.
Лабораториските испитувања на Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека млекото содржи афлатоксин со појачана вредност од 0,152 микрограми по литар.
Надлежните државни органи треба да дадат одговор како ова млеко влегло во државата.