Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ дава согласност за предлогот на лидерот Христијан Мицкоски за, како што и самиот најави, „активна блокада на Собранието“.
Како еден од начините за тоа се споменува филибастеринг што значи поднесување на илјадници амандмани на законите во Собранието. Исклучок од ова ќе бидат закони што ќе значат подобрување на стандардот на граѓаните, како повисоки плати или пензии. Неофицијално, ова е дел од заклучоците од вечерашниот состанок на партиското тело.
Мицкоски вчера најави институционална блокада по 10 мај, откако премиерот Димитар Ковачевски го одби неговото барање за лидерска средба, но и за предвремени парламентарни избори, со образложение дека не е момент за такво нешто оти земјава се соочувала со бројни предизвици.
С.Д.