НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Нема напредок со бојкоти и блокади

0
By Sashko on May 6, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Блокади и бојкоти не се категории за напредок на демократијата, која се унапредува со дебати и компромиси, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мислам дека ние сме држава која има прогрес во овие вредности. Не мислам дека бојкотот и блокадите ќе ни служат за да одиме напред, додаде Џафери, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во организација на Општина Чаир и во соработка со Институтот за духовно-културно наследство на Албанците.

Осврнувајќи се на барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба, Ахмети посочи дека нема ништо лошо во средби, под услов тие да не бидат условувани и со наметнување на теми, туку за одредени и важни прашања поврзани со напредокот на политиките на државата.

„Сакам да истакнам оти е важно да има средба и консултации како да се затвори прашањето со Бугарија, спор кој нè спречува кон напредокот и почнувањето на преговори со Европската Унија. Сигурно нѝ е потребен политички и етнички консензус во државата. Решавањето на овој проблем ги зацврстува стабилноста, мирот, безбедноста и релаксирањето на односите меѓу соседите“, истакна Ахмети.

Тој потенцира дека многу пати досега повторил оти мирот, стабилноста и безбедноста на една државата зависат и од односните изградени со соседите, бидејќи злото прво доаѓа од соседите.

„За ова ситуација може да има дебата и средба. Но, не и за блокади. Затоа што блокадите и бојкотот значат пречка во напредокот на понатамошните процеси на државата“, изјави лидерот на ДУИ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.