По враќањето на мандатите на вицепремиерката Теута Арифи и на министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, кои се кандидираа за градоначалници Собранието денеска ќе гласа за пополнување на испразнетите места во Владата.
Предлогот на премиерот Груевски веќе пристигнал во Собранието. Како што објави НОВА место на Теута Арифи ќе го заземе досегашниот министер за одбрана Фатмир Бесими.
А нa местото на Бесими во Владата ќе дојде Талат Џафери, досегашен координатор на пратеничката група на ДУИ.
Иако новите министри се уште не се изгласани во Собранието, од Министерството за одбрана веќе закажале примопредавање на функцијата, објавува Макфакс.
Во министерското столче за локална самоуправа ќе седне заменик министерот за транспорт, Тахир Хани.
Пратениците ќе гласаат за замениците министри за внатрешни работи, за транспорт и врски и за финансии.