НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнуваат јубилејните 50-ти Мајски оперски вечери – отворање со „Норма“ од Белини, затворање со „Аида“ од Верди

0
By Sashko on May 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со премиерна изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини, вечерва на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе започне овогодишното 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери (МОВ).

Празникот на Операта со традиција за почит и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, и во оф-програмата балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално музичко-сценската манифестација ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.

Директорот на НОБ, Васо Ристов на прес-конференцијата истакна дека изминатите пет децении македонската културна сцена, благодарение на оваа престижната манифестација, активно го живее месец мај како центар на музичко-сценски случувања, претставувајќи платформа на која се презентираат современите музички вредности со настап на домашни и странски музички уметници.

Уметничкиот раководител на Операта, Дејан Прошев нагласи дека за големиот јубилеј на оперскиот фестивал, се одлучиле отворањето на манифестацијата да биде со операта „Норма“, бидејќи годинава се одбележуваат 30 години од нејзината прва изведба во земјава, а последен пат на МОВ била изведена 1996 година.

Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер е Ренато Бонајуто, кој се заблагодари за, како што рече, доделената одговорност и чест да го отвори 50-то издание на Мајските оперски вечери, со македонските уметници со голем потенцијал.

Во Операта настапуваат и првенките на НОБ, Благица Поптомова, која ќе ја изведе насловната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе, кои на прес-конференцијата изразија задоволство што ќе бидат дел од отворањето на МОВ и предизвикот да настапат во една ваква добра продукција, вклучувајчи ја сценографијата и костимите.

Дел од артистичката екипа се и Иван Томашев од Србија, кој ќе ја донесе улогата на Оровезо, Марика Поповиќ во улогата на Клотилде, како Флавио ќе настапи Дејан Стоев, а децата се Василиј и Стефан Дашиќ. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1972 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.