НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ го одбележува Денот на Европа под слоганот #ThinkForward во чиј фокус се младите

0
By Sashko on May 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) заедно со Европската куќа го одбележуваат 9 Мај – Денот на Европа преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward, а во фокусот ќе бидат младите.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир и младите европски амбасадори Рената Пенчова и Александар Каратошо денеска ќе имаат интеракција со младите од WB6 од Европската куќа во Скопје. Промотивниот настан ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на Делгацијата на ЕУ, а понатаму ќе се емитува на националната телевизија МТВ денеска во 17:45 часот.

Работниот дел од конференцијата ќе се одржи на 9 и 10 мај во Младинскиот културен центар (МКЦ) каде ќе се сретнат 30 млади луѓе од целиот регион на Западен Балкан за да разговараат за решенија за подобра свест за менталното здравје, зајакната регионална соработка и помирување како и за Европскиот зелен договор. Оваа конференција се организира со поддршка на Советот за регионална соработка (РЦЦ) и скопскиот огранок на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Младите учесници на конференцијата потоа ќе ги презентираат заклучоците од својата работа пред премиерот и ресорните министри од Владата на Северна Македонија – како партнери и клучни актери за промени на подобро. Ова ќе се направи на седницата „Преземање од страна на Владата“ на 12 мај во 13:30 часот, која Владата ќе ја пренесува во живо.

Главниот јавен настан се одржа синоќа со концертот на меѓународно признатиот филмски композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев во Градскиот парк во Скопје. Ансамблот на Дуке Бојаџиев од двајца наратори и оркестар со 25 члена ќе изведе спој на оркестарска и филмска музика, некои традиционални балкански композиции и вечната љубовна поезија на Руми на македонски и албански јазик.
Програмата за Денот на Европа за оваа година започна на 5 мај со изложба на уметнички дизајнирани портрети на млади луѓе под наслов „Иднината на Европа“ поставена во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје.
„Северна Македонија има извонредни млади луѓе полни со талент, енергија и идеи, кои се вистински носители на европските вредности. Личностите прикажани на оваа изложба се само дел од многуте успешни млади луѓе од Северна Македонија. Тие беа избрани по случаен избор, врз основа на нивните достигнувања во одредени области, што ги претставува сите средини. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 05 јуни 2022 година“, наведува ЕУ делегацијата.
Дизајнот на визуелните слики за Денот на Европа 2022 е Зоран Кардула.
Програмата за Денот на Европа во 2022 година ќе заврши на 5 јуни, како Светски ден на животната средина, со предавање на наградата „Најзелена општина“, што ја промовираше Делегацијата на ЕУ како дел од кампањата за промоција на Зелениот договор на ЕУ. 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.