На денешен и утрешен ден, 9 и 10 мај 2015 година, во полициската акција во кумановско Диво Насеље во борба против вооружена терористичка група составена и поддржана од неколку десетици албански екстремисти, криминалци и платеници од Македонија и Косово, осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети.
Групата претходно, на 21 април 2015 година, ја нападна караулата Гошинце на границата кон Косово, по што, оружјето кое го одзела од караулата го искористи во вооружениот напад врз полицијата во Куманово.
Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа смртно сериозно моето предупредување јавно кажано на протестите пред македонската телевизија еден месец претходно, на 4-ти април 2015 година, вели во објавата на фејсбук претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.