НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Ќе бараме дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводи

0
By Sashko on May 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за транспорт и врски со најавениот ребаланс на Буџетот ќе бара дополнителни 300 милиони денари за доизградба на гасоводна инфраструктура, ставка кај која, според ресорниот министер Благоја Бочварски, се бележи доста добра реализација. Дополнителни пари, овој ресор ќе бара за сите области каде има добра реализација на капиталните инвестиции.

Бочварски денеска изјави дека со ребалансот на Буџетот очекува Министерството за транспорт во најголем дел да ги задржи средствата за изградба на инфраструктура и до крајот на годината да го подигне процентот на реализација на капитални инвестиции.

„Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите, бидејќи таму ќе имаме уште една постапка за интерконекторот со Грција во време на енергетска криза. Изградбата на гасоводите е од круцијално значење  во државата“, изјави Бочварски, на новинарско прашање по стартот на кампањата за зголемување на безбедноста на железничките премини.

Не е штета, порача министерот за транспорт и врски, да се дополнат средствата за да се намали влијанието на енергетската криза преку развивање на гасоводната инфраструктура.

Според Бочварски, секогаш при ребаланс на Буџетот се прават напори да се задржат средствата за инфраструктурата со цел да се инвестира што повеќе поради повеќекратниот бенефит за државата и за граѓаните.

„Во фаза на ребаланс на Буџетот сме и ќе побараме дополнителни средства, за изградба на  гасоводите, каде што имаме реално доста добра реализација. За секаде каде што имаме добра реализација ќе побараме дополнителни средства, не е штета доколку инвестираме во инфраструктура, така што очекувам и сите средства  што се наменети за изградба на инфраструктура во најголем дел да ги задржиме со цел да ги  инвестираме и до крајот на годината да го подигнеме процентот на реализација“, изјави Бочварски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.