Филмови “00:30 тајни операции” и “Арго” ja освоија главната награда на Американската асоцијација на филмски и телевизиски писатели (WGA) која беше доделена синоќа на церемонијата во Лос Анџелес.
Наградата за најдобро оригинално сценарио отиде кај шпионскиот трилер “Тајната операции 00:30” на режисерката Кетрин Бигелоу за ликвидацијата на Осама бин Ладен.
Крис Терио ја доби наградата за најдобро адаптирано сценарио за филмот “Арго” на Бен Афлек за спасувањето на американските заложници од Иран за време на Исламската револуција во 1979.
Тони Кушнер, писател на историските дела “Линколн” во режија на Стивен Спилберг, ја освои наградата WGA за специјална промоција на граѓанските права и слободи, а Малик Бенеѓул ја освои наградата за најдобро сценарио во категоријата за документарен филм “Овде сум за Шугармен” .
Награди од Здружението добија и екипата писатели на тв серијата “Breaking Bad” во категоријата драма, за комедија, награда освоија сценаристите на “Луи” и серијата “Девојки” во најдобра нова ТВ серија.