Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија одржува седница , по вчерашната вест од Вселенската Патријаршија дека ја признава нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска.
На седницата според претходни најави, се очекува да биде разгледана и соопштена информација за минатонеделната средба на претставници од МПЦ-ОА и од СПЦ во Ниш, нешто за што наводно бил информиран само тесен круг од владиците на МПЦ.
Како што веќе информираше НОВА, по оваа средба Зворничко-тузланскиот епископ Фотиј изјави дека начелно било договорено канонско единство со нашата црква, кое требало да се реализира веќе на Соборот на СПЦ, во мај, а дека за тоа Синодот на СПЦ ќе расправа претстојнава недела на 15 мај а Синодот на МПЦ ОА, денеска.
Се очекува Синодот да го посети премиерот Ковачевски.
(М.Т.)