НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врева и транспаренти – старт на блокадата на парламентот

0
By Sashko on May 10, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: sitel.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека пратениците од владејачкото мнозинство образложуваа закони, нивните колеги од опозицијата истакнуваа транспаренти со што ја стартуваа најавената активна блокада на законодавниот дом, па координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците, Илир Даути побара пауза што беше дадена до 14:30 часот. Даути го образложи барањето со загрозување на демократијата, а претседателот на парламентот, Талат Џафери не знаеше како да се справи со ситуацијата, и постојано апелираше да се следат точките на дневен ред.

Според пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Јован Митрески, сликата со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспарентите околу собраниската говорница, како што рече, е вистинската слика за единствената опозиција во светот која блокира Собрание во светска економска и енергетска криза. Истакна дека блокадите на важни закони не се национален спас како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може ВМРО-ДПМНЕ да е за спас на земјоделството, кога три месеци го блокира Законот за земјоделство и рурален развој, не може да е за спас на енергетиката, а осум месеци го блокира Законот за фотоволтаици. Две години го блокирате законското решение за локални патишта и инфраструктура. Ова е тоа што вие го нудите како наводен национален спас“, посочи Митрески.

Митрески истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ сака избори треба да обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието но тоа не може да го направи па затоа се обидува да ја блокира работата на Парламентот.

Пратениците од СДСМ на седницата ги изнесуваа своите ставови и уверуваа дека ја зборуваат вистината, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ постојано ги покажуваа транспарентите. Тоа се случуваше и додека претставниците на Владата ги образложуваа законите од своите ресори.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги опоменуваше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не е нивна задача да ги бројат присутните пратеници или да ги фотографираат.

Собранието не го усвои предлогот на група пратеници од опозицијата по итна постапка да се донесе законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Со 56 гласа „за“ беше предложено да бидат на дневен ред измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај и за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка.

На дневен ред на денешната седница се повеќе предлог-закони, главно од областа на финансиите и одбраната. Пред пратениците се и неколку предлог – одлуки, како и годишни извештаи за работата на државни агенции, комисии, МРТ и Судскиот совет. Ќе се разгледува и годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.