Комисијата за лустрација е исправена пред невозможна мисија.
Како што објавува дневниот весник Фокус, за само 24 часа комисијата требаше да ги прими листите од општинските изборни коммисии, да ги препрати до четирите надлежни институции (Агенцијата за разузнавање, УБК, Архивот и Военото разузнавање), од каде веднаш мораше да добие одговори дали постои сомнеж дека некој на листите бил кодош или пак бил следен.
Според изворите на Фокус ова претставува невозможна мисија, со оглед на тоа дека Државната изборна комисија најави дека денеска ќе ги соопшти официјалните информации за поднесените кандидатури.
Освен тоа постојат бројни пропусти во ваквото решение, бидејќи некој може да биде прогласен за кодош и тргнат од листата, на неправосилно решение, објаснува за Фокус, член на Комисијата за верификација на фактите.