Перуанската полиција неделава заплени рекордно количество кокаин од 7,6 тони, произведен од мексикански картел кое чини 300 милиони долари, соопшти Министерството за внатрешни работи за светските медиуми.
-Ова е најголемото количество дрога што некогаш е откриено во Перу, изјавил министерот за внатрешни работи Даниел Урести Елера.
Операцијата била спроведена во градот Трухило. Кокаинот бил наменет за извоз во Шпанија и Белгија, а бил скриен во јаглен. Но, фактот дека Шпанија и Белгија не купуваат јаглен од Перу, привлекол вниманието на полицијата, која започнала набљудување пред шест недели.
Властите велат дека кокаинот доаѓа од мексиканскиот картел, но името на учесниците се уште се држи во тајност.
Перуанската полиција за борба против дрогата била потпомогната од Федералното управување за борба против дрогата (ДЕА) на САД.
Во операцијата, уапсени се двајца Мексиканци и седум Перуанци.