Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Утринските температури ќе бидат во интервал од 4 до 10 степени, а дневните од 20 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Утре и задутре, времето ќе биде стабилно и топло, а во деновите од викендот ќе има појава на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.